Германскиот фудбалски стратег Роџер Шмит е новиот тренер на најтрофејниот португалски клуб Бенфика.
Поранешниот тренер на Баер Леверкузен и ПСВ Ајндховен беше претставен пред португалските новинари. Во друштво на легендарниот Цезар Мануел Руи Коста, Шмит не го криеше задоволството од доаѓањето на „Да Луж“.
„Сакам да играме убав фудбал и да бидеме успешни во мојот престој во Лисабон. Потребни ми се некои корекции во тимот и веќе работам на тоа.Оваа екипа има голем квалитет, а со добра стратегија и подготовка ќе бидеме уште подобри“, рече Шмит.