ОВР Дебар, поднесе кривична пријава против Б.И.(52) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела- „узурпација на недвижности” и „бесправно градење“.
Тој, со цел изведување градба на катастарска парцела во месноста ,,Манастирец”, лоцирана во атарот на општината Центар Жупа, узурпирал земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 71 ,41 метри квадратни.
Притоа, се стекнал со противправна имотна корист.