среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силен земјотрес во Мексико

Силен земјотрес во Мексико

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди државата Оахака во Мексико, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега не е забележанa материјална штета од земјотресот, кој ја потресе областа во средата доцна навечер, соопштија локалните власти.

Земјотресот се случил на длабочина од 57 километри, додава EMSC.

Мексиканската агенција за цивилна заштита соопшти дека е во контакт со локалните власти во Оахака со цел да се направи проценка на погодената област, пренесува Танјуг.

Земјотресот бил благо почувствуван и во главниот град Мексико Сити, а алармниот систем не бил активиран, објави на Твитер градоначалничката Клаудија Шајбаум.