Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски од следната сезона ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер.
Битолчани носат квалитетно засилување на пикерската позиција, а Пешевски се враќа во својата земја од редовите на Штутгарт каде настапува сезонава.
31-годишниот Пешевски потпиша тригодишен договор и ќе биде претставен пред стартот на подготовките за следната сезона