четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Татко отишол на станица да ја земе ќерката: Кога стигнал, затекнал сцена која му го сруши животот

Татко отишол на станица да ја земе ќерката: Кога стигнал, затекнал сцена која му го сруши животот

Потресна приказна од Велика Британија може да се каже дека е вистински кошмар за секој родител.

Бен Калтроп го повикала неговата ќерка, 19 годишната Лара, која од факултет одела накај дома, да ја собере на станица. Неколку минути подоцна одлучила да се фрли под воз, а нејзиниот татко стигнал предоцна. Тој дошол и видел ужасна глетка- неговата ќерка починала.

Лара студирала на Универзитетот на кралицата мери во Лондон, меѓутоа ја паднала првата година. Бидејќи останала да живее со пријателите во Лондон, направила големи долгови.

Таа кобната вечер излегла со пријателите на пијачка, а потоа му се јавила на нејзиниот татко, да му каже дека доаѓа дома. Дошла со такси до станицата, а татко и тргнал да ја пресретне. Ја барал, но таа не му се јавувала. Кога стигнал на станицата, 33 минути подоцна, полицијата му соопштила ужасни вести.

Нејзината мајка Дебора Калтроп вели дека се уште се носат со шокот и неверицата поради самоубиството Лара. Сега сака да ја подигне свеста за тој проблем.

-Разговаравме со неа секој ден и не можеме да прежалиме што нас не ни се отвори за проблемите со кои се соочува. За нас тие проблеми беа решливи, но 19 годишната девојка не размислува како возрасните. Лара нас ни беше прво дете, ја сакавме безусловно и се би направиле да и помогнеме, раскажува таа.

Семејството потоа ја повика јавноста да донираат пари за добротворната организација „Папирус“ која се занимава со подигање на свеста околу самоубиствата.