петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Столтенберг: НАТО ја поддржува Украина во нејзината самоодбрана

Столтенберг: НАТО ја поддржува Украина во нејзината самоодбрана

– Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, денеска потврди дека НАТО ѝ дава клучна поддршка на Украина за остварување на своето „право на самоодбрана, содржано во Повелбата на ОН“.

Првиот човек на Алијансата ова го најави на прославата на 40-годишнината од приемот на Шпанија во НАТО.

Британските медиуми пренесуваат дека Столтенберг во Мадрид изјави дека НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од сојузничката територија од каква било закана и од која било насока.

Тој смета дека ескалацијата на конфликтот во Украина ќе го засени историскиот собир во Мадрид, додека украинските сили се борат да го задржат уништениот град Северодоњецк во областа Луганск, во фокусот на офанзивата со која Москва се обидува да ја преземе контролата врз регионот Донбас.

-На собирот во Мадрид ќе трасираме пат за следната деценија, ќе ја ресетираме нашата стратегија за одвраќање и одбрана во поопасна глобална средина, рече генералниот секретар на НАТО.

Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно денеска зборуваше за поддршката на НАТО за Украина и рече дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ги постигне своите цели во Украина. (МИА)