недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Чилиќ го исфрли Медведев од Ролан Гарос

Чилиќ го исфрли Медведев од Ролан Гарос
Марин Чилиќ е последниот четвртфиналист на Ролан Гарос, Хрватот со убедливи 3-0 го победи Данил Медведев, по сетови беше 6-2, 6-3 и 6-2.
Медведев беше втор носител на Ролан Гарос, а Чилиќ е тенисер на кој повеќе му лежи тврдата подлога поради силниот сервис, но вечерва одигра брилијантно и за помалку од два часа победи.
Во четвртфиналето Чилиќ ќе има уште еден Русин за противник, Рубљов кој го помина Синер. При 1-1 во сетови, Италијанецот го предаде мечот.
Другите четврфинални двојки се Руд – Руне, Алкараз – Зверев и Ѓоковиќ – Надал.