недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

„Оние кои пателе за љубов ќе се пронајдат“: Сергеј Четковиќ ја промовира својата нова песна (ВИДЕО)

„Оние кои пателе за љубов ќе се пронајдат“: Сергеј Четковиќ ја промовира својата нова песна (ВИДЕО)

Во пресрет на престојното лето, миленикот на женската публика пејачот Сергеј Четковиќ одлучи да ги израдува своите фанови со нова песна, односно втор сингл од седмиот студиски албум „Кофер“, кој се очекува да излезе на есен.

По истоимената водечка нумера од албумот кој ја објави минатата година, со нешто поинаков музички и авторски израз, Сергеј овојпат се претставува со нова љубовна балада со наслов „Не долазиш“, која дефинитивно спаѓа меѓу неговите најубави песни, со оглед на тоа дека се работи за силна и раскошна композиција.

Популарниот пејач се одлучи за оваа нумера да сними и видеоспот во минималистичка атмосфера, со многу емоција и симболика, без да го одвлече вниманието од сјајните стихови, музика, продукција и арнажманот.

Музиката и текстот се инаку на Сергеј, додека аранжманот е на Махир Сарихоџиќ.

„Не одлазиш“ е една од моите најдраги песни од албумот „Кофер“, кој после многу одложување, ќе го објавам на крајот од годинава. Затоа и одлучив да ја пуштам сега во етер и да ја претставам на публиката на прагот од летото за кое се надевам дека ќе донесе многу концерти и дружење на кои толку долго чекавме – истакнува Четковиќ за македонската публика и додава:

„Оваа песна е посебна на многу начини и верувам дека многу ќе се пронајдат, особено оние кои пателе за љубов, а сигурен сум дека скоро секој човек имал такво искуство. Љубовта некогаш не си оди од нас, иако тоа можеби го сакаме, а што ќе се случи ако таа бега од заборавот, ќе дознаете во оваа песна.