недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Како е можно ова: Голман во Норвешка со посебен ритуал го намалувал голот за 15-20 сантиметри

Како е можно ова: Голман во Норвешка со посебен ритуал го намалувал голот за 15-20 сантиметри

Голманот на норвешкиот клуб Викинг, Патрик Сигурдсон Гунарсон, е обвинет дека намерно го намалувал неговиот гол на домашните натпревари, така што пред секој натпревар ударал во стативите и фактички ги поместувал.

Неколку секунди пред судијата да означи почеток на првото и второ полувреме, Патрик успевал некако со ногата намерно да го искривува голот, со тоа што го повлекувал назад.

Тоа истото го правел и со другиот дел од голот, а како што пишува норвешкиот портал Aftenbladet, Патрик оваа „церемонија“ ја извел на последните две домашни средби на Викинг против Јерва и ХамКам во домашниот шампионат.

Според правилникот на тамошната лига, распонот меѓу стативите е седум метри и 32 сантриметри, а Гунарсон со удирање од копачките во диреците, успеал да го намали голот за неколку сантиметри, како што тврдат 15 до 20.

Исланѓанецот на таквите обвинувања се обидувал да се одбрани дека тоа е негов вообичаен ритуал и дека ништо не е спротивно на правилата, а на потег е норвешката фудбалска федерација која го истражува случајот.