недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Кризниот штаб на Тетово одлучи да се зголеми бројот на пожарникари, еве какви барања ќе достават до Владата

Кризниот штаб на Тетово одлучи да се зголеми бројот на пожарникари, еве какви барања ќе достават до Владата

Регионалниот штаб за управување со кризи на Општина Тетово вчера одржа состанок во врска со состојбите настанати по поплавите и пожарот што го зафати магацинот за изолациони материјали во Тетово.

На состанокот донесен е заклучок да се распореди стражарска екипа од ТППЕ и СВР Тетово за обезбедување, како и Брза помош на местото што беше зафатено со пожар во следните 24 часа, да се ангажира Општинскиот инспекторат Тетово да подготви извештај за сите индустриски капацитети, во која категорија припаѓаат (какви елаборати поседуваат) и каде што го одлагаат индустрискиот отпад; Во меѓувреме, сопствениците, по завршување на правното вештачење, во најкраток можен рок да го санираат отпадот од пожарот врз основа на еколошки стандарди.

-Од искуствата што ги имавме последните денови, односно Општина Тетово од неделата (29 мај) до вчера (31 мај) ги стави во функција сите ресурси и човечки и материјални за санирање на состојбите од поплави и пожари, затоа бараме проширување на капацитетот на ТППЕ и по бројот на вработени, како и со потребните средства што ги има, бидејќи тие се недоволни за покривање на територијата на 5-те околни општини, затоа бараме согласност да се зголеми бројот на вработени во ТППЕ како и Владата да ги снабди ТППЕ со потребните средства, со цел во вакви случаи тие да бидат поефикасни и попродуктивни. Исто така, бараме да се ангажираат и други работници, но да се донесат и соодветни возила за во случај на други непогоди да немаме проблеми во интервенцијата и да спречиме поголеми трагедии. Владата да помогне за парично обештетување по проценка на штетите предизвикани на физички лица како и на училишни згради и јавна инфраструктура од лошото време што го зафати тетовскиот регион. Ќе се испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање да провери и да утврди дали е функционален апаратот за мерење на квалитетот на воздухот во Тетово – директен пристап до тековните податоци за квалитетот на воздухот, во спротивно носење на мобилен уред за оваа намена, се вели во заклучокот.

Општина ќе испрати и барање до Владата да помогне со механизација за чистење (миење) на патишта како и средства за дезинфекција на истите и на објектите оштетени од поплавите во Тетово.

Овие барања, како што е наведено Општина Тетово ќе ги упати до Владата денеска.