Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг предупреди дека сојузниците на Украина мора да се подготват за „тешка исцрпувачка војна“.
– Мораме да бидеме подготвени за војна на долг рок. Бидејќи она што го гледаме е дека оваа војна сега стана исцрпувачка војна, изјави Столтенберг по средбата со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа.
Тој додаде дека и војната во Украина на крај ќе заврши на преговарачка маса.
– Но, знаеме дека тоа што се случува на преговарачката маса е тесно поврзано со ситуацијата на теренот, на бојното поле, посочи Столтенберг.