недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Жените од овие хороскопски знаци носат среќа – ако една од нив е ваша избраничка, вие сте среќен човек!

Жените од овие хороскопски знаци носат среќа – ако една од нив е ваша избраничка, вие сте среќен човек!

Доколку вашата поубава половина е еден од овие три знаци во хороскопот, ќе имате среќа.

Лав

Ќе го направи вашиот живот најубава љубовна приказна, бидејќи таа е онаа која никогаш не заборава на емоциите и потребите на својот избраник. Жената лав е животен сопатник, пријател, соборец во љубовта и проблемите, личност без која нема да можете да си го замислите денот.

И самите ќе сфатите дека никој нема поискрено и пореално да ве сака од неа, бидејќи нејзиното срце е искрено, несебично и смело, а нејзиниот лик, тело, поглед и глас ќе бидат вашата душевна храна и дрога.

Стрелец 

Доколку сте имале среќа жена во знакот Стрелец да биде вашата избраничка, вие сте на половина пат до рајот. Таа ќе ви донесе позитивна енергија и го исполни вашиот живот со среќа, љубов и сила, а нејзиниот ум и бескрајна креативност ќе ви донесат целосно нова свежина во заедничкиот живот и работата.

Рак

Женара Рак е во состојба од било која куќа да направи дом и да ви пружи искрена топлина во секој аспект од животот. Во кревет е истовремено нежна, силна, сензуална, нескротлива и непредвидлива.

Совршена сопруга, грижлива и добра мајка, таа плени со својот вроден шарм кој го носи како вистинска дама, природно и спонтано. Таа е вредна и сестрана, за себе посакува маж кој ќе биде силен и одлучен, но и грижлив и одговорен.