Поранешниот легендарен италијански фудбалер и поранешен тренер на Јувентус, Андреа Пирло е фаворит да седне на клупата на српскиот Партизан, тврди „Спортклуб“.
Пирло во моментов е во Белград како амбасадор на фудбалскиот камп од Италија, по што почнале преговорите со Партизан, и Италијанецот позитивно реагирал на предлогот, по што преговорите ќе продолжат до крајот на неделата. Партизан се поготвени да му дадат годишна плата од 1.5 милиони евра по сезона.
Пирло во својата кариера играше за Бреша, Интер, Милан и Јувентус, а своето тренерско деби го имаше со „старата дама“ во сезоната 2020/21, но беше оптушен откако „бјанконерите“ не ја освоија титулата.