сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Казнети 26 возачи кои возеле под дејство на алкохол во Тетово и Гостивар

Казнети 26 возачи кои возеле под дејство на алкохол во Тетово и Гостивар

Во текот на изминатата вечер 03/04.06.2022 во периодот од 21:00 до 03:00 часот на територија на СВР Тетово спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата констатирани и законски санкционирани се 26 возачи. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Тетово 16, на подрачјето на Гостивар 10. За време на контролата биле санкционирани и 33 останати прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта велат од МВР.