четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Голем пожар во близина на Атина: Зафатени куќи, горат автомобили… (ВИДЕО)

Голем пожар во близина на Атина: Зафатени куќи, горат автомобили… (ВИДЕО)

Носен од силен ветер, пожарот брзо се прошири на падините на планината Химетус, лоцирана во близина на грчката престолнина. Облаци од чад може да се забележат над јужните предградија.

Како мерка на претпазливост, цивилната заштита евакуира делови од регионите Вула и Глифада, на околу 20 километри од центарот на Атина. Очевидец рече дека видел најмалку две куќи тешко оштетени во пожарот.

„Поради силниот северен ветер, пожарот брзо се шири и се приближува до градот“, изјави портпаролот на пожарникар Јанис Артопиос. „Ги повикуваме граѓаните да бидат многу внимателни“, додаде тој.

Повеќе од 130 пожарникари со помош на 6 канадери и 4 хеликоптери исфрлиле тони вода во обид да го изгаснат пожарот. Бројните шумски пожари минатата година опустошија околу 300.000 хектари шума и грмушки во различни делови на Грција, поради најтешката суша во последните 30 години.