сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Скај њуз“: Странски борци пристигнаа да ѝ помогнат на Украина во Северодонецк (ВИДЕО)

„Скај њуз“: Странски борци пристигнаа да ѝ помогнат на Украина во Северодонецк (ВИДЕО)

Руските и украинските сили со денови водат жестоки битки за Северодонецк, клучен град во источна Украина. Ако Северодонецк падне во руски раце, тоа ќе значи дека Русите ја презеле контролата врз целиот регион Луганск.

На социјалните мрежи денеска се појави видео на кое, според „Скај њуз“, се гледа како странските борци пристигнуваат во Северодонецк за да се борат рамо до рамо со украинските бранители.

Не е сосема јасно кога е направена снимката, но се претпоставува дека видеото е снимено неодамна.