Седумкратниот германски првак Шалке 04, кој од следната сезона се враќа во Бундеслигата, потпиша денеска две годишен договор со тренерот Франк Крамер.
Германскиот 50-годишен стратег во април беше отпуштен од клупата на Арминија Билефилд, а претходно ги предводеше Фортуна Дизелдорф, Гројтер Фурт и германската селекција до 20 години.
Шалке, во чиј редови изминатата сезона настапуваше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, иако една година отсуствуваше од Бундеслигата, останува речиси изедначен со Борусија Дортмунд, на второто место според бројот на регистрирани членови (160.000), зад минхенски Баерн и неговите 293.000 членови.