петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американка обучувала батаљон од жени на ИД во Сирија

Американка обучувала батаљон од жени на ИД во Сирија

Американската државјанка Алисон Флак-Екрен денеска пред американскиот су д призна дека го водела и обучувала женскиот батаљон на ИД во Сирија. Таа го прифати договорот за признавање вина пред федералниот суд и се соочува со затворска казна до 20 години. На крајот на 2016 година, Флук-Екрен ја предводела женската единица на ИД во сирискиот град Рака и водеше обука за пукање од автоматски пушки, фрлање бомби и активирање појаси за самоубиствени напади.

Во писмото на федералниот обвинител Раџ Парех се наведува дека таа обучувала и деца за борба. Флук-Екрен имала намера да регрутира оперативци за терористичкиот напад на универзитетски кампус во САД и планирал напад на трговски центар.