сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Кадетите во Штип се подготвуваат за Балканското првенство во одбојка

Кадетите во Штип се подготвуваат за Балканското првенство во одбојка

Македонската машка одбојкарска кадетска репрезентација, под водство на селекторот Ванче Санев, се подготвува во Штип за настап на претстојното Балканско првенство во Нови Сад.

Селекторот Санев на располагање има шеснаесет одбојкари, кои во наредните дваесетина дена ќе се обидат да создадат тим кој ќе игра достојно на балканскиот собир од 28 јуни до 2 јули.

Најголемиот број од репрезентативците, осуммина, се од Струмица 47&72, а по двајца од Јанта волеј, ГОК Борец, Штип УГД и Весна Пробиштип.

На Балканијадата во Нови Сад, Македонија ќе игра во групата „Б“ со Молдавија и Бугарија, а во другата конкуренција се домаќинот Србија, Романија, Турција и Босна и Херцеговина.