На 21.12.2017 година во 19:00 часот, жена од Скопје пријавила полов напад на нејзината малолетна ќерка.
Според нејзината пријава, во текот на денот, како и во периодот од 10.12 до 21.12.2017 година, непознат маж во неговиот стан извршил полов напад врз нејзината 12-годишна ќерка.
Додека нејзината ќерка одела и се враќала од училиште, непознатиот во повеќе наврати го викал девојчето во неговиот стан и го допирал по телото.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.