недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФИФА: Еквадор нема да биде дисквалификуван од Мундијалот во Катар

ФИФА: Еквадор нема да биде дисквалификуван од Мундијалот во Катар

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја одби жалбата на фудбалската федерација на Чиле која бараше дисквалификација на Еквадор.

Чилеанците бараа од ФИФА да испита дали Еквадор ги фалсификувал документите на својот репрезентативец Бајрон Кастиљо, односно дали е роден во Колумбија, а не во Еквадор како што му пишува во пасошот.

Фудбалската федерација на Чиле тврдеше дека има документи кои потврдуваат дека Кастиљо немал право да настапува за селекцијата на Еквадор во квалификациите за СП, но ФИФА денеска објави дека дисциплинската комисија го затворила случајот и Еквадор нема да биде дисквалификуван.

Чилеанците можат да ја оспорат оваа одлука пред комитетот за жалби при ФИФА, а подоцна и пред Судот за спортска арбитража.

Еквадор на Мундијалот во Катар ќе игра во групата А заедно со Катар, Холандија и Сенегал.