вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германскиот канцелар Шолц утре ќе пристигне во Скопје

Германскиот канцелар Шолц утре ќе пристигне во Скопје

Канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц ќе пристигне во Скопје на официјална посета.

Како што соопшти владината прес-служба, канцеларот Шолц и неговата делегација на платото пред Владата на Република Северна Македонија ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски, со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.

Според агендата, после церемонијата на пречекот, предвидена е тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.

Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

Шолц во Скопје доаѓа по неговата посета на Приштина и Белград, во рамки на дводневната посета на регионот. (МИА)

Најнови вести