Средовечна жена во четвртокот предизвикала неред во скопска кафеана, откако се опила па ги вознемирувала гостите во локалот.
Проблематичната скопјанка кршела чаши и чинии, а убедувањата на вработените ја да го напушти објектот не биле успешни.
На интервенцијата по барање на сопственикот, а од страна на обезбедувањето, скопјанката се спротивставувала, навредувала но заминала од локалот. Тоа не траело долго, па таа за 30 минути повторно се вратила и продолжила со своето недолично однесување.
Околу 20 часот обезбеднувањето повторно било повикано да ја смири ситуацијата, а жената ги влечела чаршафи од масите и ги туркала масите, па тие биле приморани по втор пат гостинката да ја отстранат од локалот.