недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Додека се смееш и не реагираш, до тогаш се понесолено ќе се подбиваат со Македонија

Додека се смееш и не реагираш, до тогаш се понесолено ќе се подбиваат со Македонија

Македонија стана мета на подбив на меѓународна сцена. За жал отсуствува реакција на македонските институции за понижувањето и рушењето на угледот на државата.

Вчера во јавноста излезе видео од самитот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) кој се одржа во Солун, на кој присуствуваа лидерите од регионот, но и германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. На видеото премиерот на Албанија, Еди Рама, го престави македонскиот премиер како претставник на идна Западна Бугарија, на што Ковачевски се изнасмеа.

Ова предизвика бура од реакции во Македонската јавност која ова го оцени како јавна бламажа, а реакцијата на Ковачевски како несоодветна и срамна.

– Еди Рама државата ни ја нарекува ,,идна западна Бугарија” , а премиерот Ковачевски се смее слатко! Тоа што го кажува Рама значи дека Македонија ќе биде окупирана од Бугарија и ќе стане ,, западна Бугарија”. И на тоа првиот човек на Македонија која се понижува пред негови очи и уши од Еди Рама слатко се смее! Се смее! Какво понижување, какво газење на се што е Македонија! ОСТАВКА ВЕДНАШ- напиша Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ потоа реагираше и го дообјаснуваше скандалот, дефинирајќи го каkо иронија и сарказам на албанскиот премиер заради актуелната ситуација со ветото од Бугарија.

– Рама е иронечен за блокадата на Бугарија за нашата земја, којашто ја блокора и Албанија. Ставовите на премиерот Ковачевски во однос на блокадата на Бугарија, за нашите позиции и во однос на ЕУ, се добро познати на јавноста- стои во партиското објаснување.

Сепак во јавноста општ е впечатокот дека ниту премиерот, ниту Владата, ниту институциите не реагираат соодветно на навредите и провокациите упатени кон Македонија. Впрочем слична навредлива изјава на сметка на Ковачевски упати Рама и во декември минатата година на самитот Опен Балкан во Тирана.

Тогаш При заедничкото фотографирање на тројката Заев, Вuчиќ, Рама,тогашниот премиер Зоран Заев го покани и Ковачевски како негов наследник да дојде и тој да се фотографира. Иако се обидуваше да застане меѓу Вучиќ и Рама, овие двајца во дел од секунда го сопреа и му покажаа место, за потоа Рама со прст да покаже кон Ковачевски и да го посочи како Монтенегро (Црна Гора).

Можеби тогашниот гест на Рама, беше разбран како несолена шега, но сега се повтори и со уште понавредлива конотација за Ковачевски и за Македонија. Отсуството на соодветна реакција од страна на македонската страна се причина поради која се почесто и понесолено некој да се подбива со државата.

Најнови вести