недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рама откри кого исмевал со коментарот

Рама откри кого исмевал со коментарот

Не знаеш дали да се смееш или плачеш поради хистеријата на некои во Скопје кон премиерот Ковачевски, по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја исмевав грдата блокада на Северна Македонија од Бугарија, објави денеска премиерот на Албанија Еди Рама на Твитер откако на самитот во Солун ја нарече Северна Македонија Западна Бугарија, на што се насмеа премиерот Димитар Ковачевски.

На самитот на SEECEP во Солун во петокот, грчкиот премиер Киријакис Мицотакис, ги претставуваше македонските колеги на германскиот канцелар Олаф Шолц, Рама упадна и му рече на Ковачевски дека тој е премиерот на иднината „Западна Бугарија“.

Рама и Ковачевски беа мета на критики, поради недипломатска шега како и пради тоа што македонскиот премиер не одговори на тоа, туку само се насмеа.

Најнови вести