четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Генчовска го напушта Кабиентот на бугарскиот премиер

Генчовска го напушта Кабиентот на бугарскиот премиер

Уште двајца министри во бугарската Влада денеска ќе поднесат оставки.

Шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска и министерот за енергетика Александар Николов поднесоа барања за напуштање на кабинетот. Тоа е резултат на одлуката на бугарската партија „Има таков народ“ да стави крај на владејачката коалиција и да го напушти кабинетот.

Според лидерот на таа партија има две причини за тоа – двојната политика на премиерот Кирил Петков кон Северна Македонија и беспарицата во земјата.

По излегувањето на партијата од власта, оставки веќе поднесоа министерот за спорт Радостин Василев и за регионален развој и јавни дејности Гроздан Караџов.