Африканските промотери активно комуницираат со шефовите на шампионатот во Формула 1 за да се одржи Големата награда на Јужна Африка во 2023 година, објави „Motorsport“.
Првично се веруваше дека најраниот датум за новата етапа може да биде 2024 година, но сега стана познато дека тоа би можело да се случи веќе следната сезона.
Веќе има 22 етапи во тековниот календар на Ф1, додека Катар и Лас Вегас дефинитивно ќе се вратат во 2023 година, плус речиси сигурно Кина. Во исто време, договорот предвидува лимит од 24 трки по сезона.
Тоа значи дека за да се организира африканската етапа ќе треба да бидат откажани некои од актуелните трки.