среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Течниот гас од американски производител во септември ќе пристигне во Европа

Течниот гас од американски производител во септември ќе пристигне во Европа

Американскиот производител на течен гас Freeport LNG објави дека нивниот погон во Тексас, оштетен од експлозија, ќе продолжи со работа дури во септември, најавувајќи нови проблеми за Европа која бара замена за рускиот гас.

Погонот сочинува една петтина од извозот на ЛНГ на САД и е главен снабдувач на европските купувачи кои се во потрага по алтернативни извори на снабдување.

Пукнатина на гасоводот под прекумерен притисок предизвика експлозија и пожар на 8 јуни, па работата во фабриката Квинтана беше прекината, соопшти компанијата, додавајќи дека погоните за преработка не се оштетени.

Погонот ќе продолжи да работи и во септември, но во ограничен обем, посочија оттаму и додадоа дека очекуваат враќање на полн капацитет до крајот на годинава.

Погонот Фрипорт втечнува околу шест милиони кубни метри природен гас дневно и работи со речиси полн капацитет во последните месеци, според консултантската компанија Ристад енерџи.

Околу 3,3 милиони кубни метри отишле во Европа од мај, во споредба со 2,3 милиони во март, објави Ристад. (МИА)