Бојана Скендеровски гостуваше на Прва ТВ и ја промовираше српската верзија на песната „Среќа и несреќа“
Бојана Скендеровски заедно со композиторот Саша Милошевиќ – Маре денеска гостуваа во живо во емисијата „150 минути“ на Прв ТВ во Белград.
Поводот за нивното гостување беше промоцијата на нејзината најнова песна „Среќна и несреќна“ која ја има изведено и на српски јазик за регионалниот пазар.
Песната наиде на одличен прием и задоволство кај српската публика и веќе се договорени уште неколку гостувања кај најеминентните српски медиуми, а веќе на големо се врти песната и на голем број радија и телевизии кај нашиот северен сосед. Исто така, договорена е и понатамошна соработка на Бојана со Маре и веќе е најавена промоција на уште една песна од истиот автој на крајот на септември оваа година.