сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Алвес со порака за разделбата со Барселона: Лавот останува лав…

Алвес со порака за разделбата со Барселона: Лавот останува лав…

Барселона реши да не ја продолжува соработката со Дани Алвес, па бразилскиот ветеран вторпат во кариерата ќе се раздели со каталонскиот гигант.

Клубот денеска му ја соопштил одлуката на Алвес, за подоцна фудбалерот преку социјалните мрежи да се збогува со фановите, испраќајќи специјална порака во негов стил.

– Дојде време за разделба, осум години му бев посветен на клубот и неговите бои.

– Но, како и се друго во животот, годините проаѓаат, патиштата се разидуваат, а приказните се пишуваат на некои други места. Се обидоа да ме отпишат, не можете да замислите колку сум отпорен, нели?

– Се надевам дека нема да ви недостасува мојата лудост, на оние кои остануваат од срце им пожелувам да испишуваат историја на клубот. Светот нека не заборава, лавот дури и ако има 39 години се уште останува луд лав, – напиша Алвес во својата долга порака објавена покрај видеото на Инстаграм.