Во Полициското одделение Маврово вчера во 07:30 часот било пријавено дека во една соба во приватен комплекс бил пронајден починат вработениот Т.К.(48) од с.Радово, струмичко, информираат од СВР Тетово.
Лекар од Медицински центар Маврови Анови констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.