недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Барселона ќе ја брани европската круна против Киелце

Барселона ќе ја брани европската круна против Киелце

Барселона славеше на полуфиналниот дуел со Кил (34-30), со што каталонскиот гигант се избори за пласман во големото финале на Лигата на Шампионите, во обид да стане прв тим што ја одбранил европската круна во „Ланксес Арена“ во Келн.

Гомез Абелјо беше незапирлив со 12 гола од вкупно 13 обиди, Дика Мем постигна четири гола за Барселона, додека Перез де Варгас имаше 11 успешни интервенции. Во таборот на Кил најефикасни беа Винчек со седум и Рајнкинд со шест гола.