На 19.06.2022 во 01.40 часот на ул.„Јордан Стојанов“ во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип во безсознание и со повреди по телото го пронашле С.Т.(29) од с.Стрмош, пробиштипско.
Лицето било пренесено во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош, а по преземени мерки било утврдено дека се здобил со повредите при физичка пресметка со А.М.(37) од с.Злетово, пробиштипско, со кого бил извршен службен разговор.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.