четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Барселона по пенали го совлада Киелце и ја одбрани титулата во ЛШ

Барселона по пенали го совлада Киелце и ја одбрани титулата во ЛШ

Шпанска Барселона испиша историја и по 11-ти пат стана шампион на Европа! Втората последователна титула во Лигата на шампионите ја освои со минимална победа над Коелце со (37-35) во денешното финале на завршниот турнир во Келн. Каталонците станаа првата екипа која ја одбранила титулата откако е воведен завршниот турнир.

Натпреварот беше исклучително неизвесен во целиот тек, првото полувреме го доби Барселона со 14-13. Во последните секунди од второто полувреме Каралек погоди за нерешени 28:28.

Потоа се играа две продолженија од по пет минути кои исто така завршија нерешено. Беше 32-32, па пеналите мораа да го решат победникот.

Се шутираа по пет шута, единствениот кој промаши беше Алекс Душебаев, Перез Де Варгас го одбрани неговиот удар и донесе победа на Барселона.

Најдобар во составот на Барселона беше Алеиш Гомез со девет голови, во составот на Кјелце дури шест играчи постигнаа по четири. Голманите Де Варгас и Волф имаа по идентични 12 интервенции.