четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Макс Ферстапен триумфираше во Монтреал

Макс Ферстапен триумфираше во Монтреал

Холандскиот Ф1-возач Макс Ферстапен дојде до нова победа, овој пат на трката за ГН на Канада која се возеше на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал.

Актуелниот владетел во најбрзиот автомото спорт тргна од првото место на трката и се одбрани од нападите на ривалите. Макс така дојде до шестата победа сезонава, или четврта на последните пет трки.

Второто место во Канада му припадна на Карлос Сајнц од Ферари, а место на пијадесталот имаше и за најтрофејниот активен возач Луис Хамилтон од Мерцедес.

Четврти заврши Џорџ Расел од Мерцедес, додека на петтото место се најде Чарлс Леклерк кој поради проблеми со моторот стартуваше од 19-тото место, но направи подвиг. Бодови на оваа трка освоија уште Естебан Окон (Алпин), Фернандо Алонсо (Алпин), Валтери Ботас (Алфа Ромео), Жу Гуанју (Алфа Ромео) и Ленс Строл (Астон Мартин). Не завршија Мик Шумахер (и покрај одличните квалификации), Серхио Перез од Ред Бул и Јуки Цунода од Алфа Таури.

Следната трка се враќа во Европа. На почетокот на јули возачите ќе се најдат на патеката „Силверстоун“ каде ќе се вози трката за ГН на Велика Британија. Во генералниот пласман доминатнен е Макс Верстапен кој чекори кон одбраната на титулата.