петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен бегалец од затвор, расчистени неколку кривични дела

Приведен бегалец од затвор, расчистени неколку кривични дела

На 20.06.2022 околу 23.00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода М.К.(25) од Кочани.

Тој бил баран со потерница поради бегство од казнено-поправната установа Затвор Куманово и поради основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 и сторени три кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

По насоки на Јавен обвинител лицето било задржано во ОВР Кочани и денеска било извршено препознавање од оштетените во кривичното дело разбојништво.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено – поправната установа затвор Куманово.