СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Ц.(29) од с.Долно Коњари, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 09.06.2022 на бул. „Св. Климент Охридски“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин, марихуана, семки од марихуана и пари во различни валути и апоени.