петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Украина: Американските ракетни системи „ХИМАРС“ пристигнаа во земјата

Украина: Американските ракетни системи „ХИМАРС“ пристигнаа во земјата

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников денеска соопшти дека во таа земја пристигнале американски  артилериски ракетни системи (ХИМАРС).

„Благодарност до мојот американски колега и пријател, секретарот за одбрана Лојд Остин, за овие моќни системи. Летото ќе биде жешко за руските окупатори. И последно за некои од нив“, објави Резников на Твитер.

Според британски медиуми, украинскиот министер за одбрана не навел како артилериските ракетни системи пристигнале во земјата. (МИА)