Македонскиот медитерански тим со вкупно 114 членови од кои 77 спортисти продефилира на отворањето на годинешните Медитерански игри во Оран (Алжир).
Сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски, еден од нашите најголеми адути за златен медал и каратистката симона Заборка беа знаменосци на отворањето пред преполните трибини на стадионот.
Македонија има претставници во ракомет и одбојка (мажи и жени), таеквондо, џудо, карате, борење, пливање, стрелаштво, атлетика и мечување.