Машката македонска репрезентација одигра два сета на една топка против Египет, но загуби со 3:0 (25:23, 25:23, 25:20) во првиот натпревар на Медитранските игри во Оран, Алжир.
Капитенот Никола Ѓорѓиев освои 22 поена, Милев, кој во Европската сребрена лига повремено играше либеро, заработи 8, Илиев 5, Савовски 4, Деспотовски и Костиќ по 2, а Ѓорѓи Ѓорѓиев 1, па сепак, Македонија се уште нема победа дури и во третиот настап на медитеранските игри.
Билансот 0-6 можеме да го подобриме утре против Италија.
Македонските одбојкарки од 13 часот по наше време ќе се сретнат со Тунис откако вчера загубија од Египет со 3:1 на враќањето на интернационалната сцена по повеќе од деценија.
Тие утре ќе сервираат со Грција која во првото коло славеше над нашите денешни ривалки со 3:0.