петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Судир на мопеди во Штип, едно лице тешко повредено

Судир на мопеди во Штип, едно лице тешко повредено

На 27.06.2022 во 10.25 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Штип и мопед „бостон ејт“, управуван од Ш.З.(37) од Штип, информира МВР.

Во несреќата Ш.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница-Штип.

Увид извршила екипа од СВР Штип.