петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Според австрискиот канцелар, приклучувањето на неговата држава кон НАТО не е опција

Според австрискиот канцелар, приклучувањето на неговата држава кон НАТО не е опција

Австрискиот канцелар Карл Нехамер оцени дека има нов квалитет во соработка меѓу неутралните и неврзаните земји, како Австрија, и НАТО, но и дека членството на Виена во западната воена алијанса не е опција и не треба да се разгледува.

-Австрија е и останува неутрален, но и доверлив партнер во однос на безбедносната политика, изјави Нехамер, кој учествува на Самитот на НАТО во Мадрид.

Тој потсети дека Австрија веќе е активна во мировните мисии на ЕУ со околу 400 војници, како и со 300 во мисиите на НАТО.

Според него, Австрија како неутрална земја може да се солидаризира и да делува како посредник.

Тој ја оцени како нов квалитет во односите поканата од шпанскиот колега Педро Санчез да присуствува на „евроатлантската вечера“, на која, покрај претставници на земјите од НАТО, присуствуваа и неврзаните членки на ЕУ и, како што рече, , можеби пресвртница во соработката.

Тој посочи дека тоа најверојатно е последица на војната во Украина.

-Соработката НАТО-ЕУ е важен дел од одбранбената и безбедносната политика, рече Нехамер.

Генералниот секретар на Партијата на слободата на Австрија (ФПО), Михаел Шнедлиц, учеството на Нехамер на Самитот на НАТО го оцени како погрешен и фатален сигнал.

-Нехамер повторно му штети на нашиот статус на неутрална земја. „Н“ во името на НАТО дефинитивно не се залага за постојана неутралност, нагласи тој. (МИА)