петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ТЕШКО ПОВРЕДЕНО ДЕТЕ: Mетална врата од фудбалско игралиште во Скопје паднала врз него

ТЕШКО ПОВРЕДЕНО ДЕТЕ: Mетална врата од фудбалско игралиште во Скопје паднала врз него
илустрација

На 29.06.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Аеродром, Р.Ж.(65) од Скопје пријавила дека на 28.06.2022 околу 20.30 часот на фудбалското игралиште на ул.„Бојмија“ на нејзиниот малолетен внук паднала метална врата.

Малолетникот бил пренесен на Детска хирургија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се работи на расчистување на случајот.