петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Врховниот суд пресуди дека Бајден може да ја укине политиката за враќање на имигрантите од јужната граница во Мексико

Врховниот суд пресуди дека Бајден може да ја укине политиката за враќање на имигрантите од јужната граница во Мексико

Врховниот суд на САД денеска го одобри барањето на претседателот Џо Бајден за укинување на имигрантската политика од времето на претходникот Доналд Трамп за враќање во Мексико на имигрантите од Јужна Америка.

Бајден вети дека ќе ги олабави строгите имигрантски процедури уште од почетокот на својата Администрација.

Според процедурата донесена во време на неговиот претходник, сите кои ја преминале границата без разлика од каде дошле беа враќани во Мексико, наместо да бидат задржани во САД, или пуштени на слобода додека чекаат документи за азил.

Администрацијата на Трамп се повикуваше на пандемијата и опасноста од ширење на Ковид-19.

Од девет судии на Врховиот суд, петмина гласаа „за“. Многу републикански држави го предизвикаа обидот да се олабави оваа политика преку суд. Одлуката на Врховниот суд е мала победа за Администрацијата во Вашингтон.