Реал Мадрид нема да му понуди нов договор на Марко Асенсио, па фудбалерот треба да одлучи дали ќе си замине или ќе остане уште една сезона во кралскиот клуб.
Актуелниот договор на Асенсио со Реал Мадрид истекува во јуни 2023 година.
Тој неодамна зборуваше дека има три опции, но опцијата за потпишување на нов договор со Реал Мадрид веќе ја нема. Според „Марка“, кралскиот клуб нема да му понуди продолжување на соработката.
Цената на Асенсио е 30 милиони евра, а Милан е еден од заинтересираните клубови за шпанскиот фудбалер.