петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Кафето пред тренинг го топи салото! Научниците открија како кофеинот влијае на мастите

Кафето пред тренинг го топи салото! Научниците открија како кофеинот влијае на мастите

Ново истражување сугерира дека пиењето кафе пред тренинг може да помогне во согорувањето на маснотиите.

Пиењето силно кафе пред вежбање помага во согорувањето на маснотиите

Според новата студија објавена во ‘International Society of Sports Nutrition’, пиењето силно кафе пред вежбање може да помогне во согорувањето на маснотиите.

Истражувачите побарале од 15 мажи, на возраст од околу 32 години, да направат тест вежбање од една недела. Тие се погрижија секој субјект да биде тестиран во истиот временски период од последниот оброк или тренингот и дека не земаат никакви додатоци.

Истражувачите му давале на секој испитаник по 3мг/кг кофеин или плацебо во 8 и 17 часот. Резултатите покажале дека оние кои земале кофеин согорувале маснотии побрзо за време на тренингот отколку оние кои земале плацебо.

– Резултатите од нашето истражување покажаа дека акутниот внес на кофеин 30 минути пред аеробни тренинзи ја зголемува максималната оксидација на маснотиите за време на вежбањето – рече Франциско Хозе Амара-Гахет, доцент на Одделот за физиологија на Универзитетот во Гранада и главен автор на оваа студија.

Истражувачите исто така откриле дека кофеинот е особено ефикасен кога се користи пред попладневно вежбање.

Оваа студија се чини дека е во спротивност со верувањето дека започнувањето на денот со тренинг ќе доведе до најдобри резултати.

– Препорака за вежбање на празен стомак наутро за зголемување на оксидацијата на маснотиите е честа. Сепак, на оваа препорака може да нема научна основа затоа што не е јасно дали ова зголемување се должи на вежбањето наутро или подолгиот период без храна.

Оваа нова студија се заснова на мал примерок, па резултатите сугерираат дека е потребно дополнително и подетално тестирање. Исто така, важно е да не претерувате со внесувањето кофеин, туку да се држите до вообичаените вредности.