понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дембеле останува во Барселона

Дембеле останува во Барселона

Францускиот фудбалски репрезентативец Усман Дембеле по се изгледа ќе го носи дресот на Барселона и во иднина.

Каталонскиот весник Спорт преку својот портал вечерва објави дека крилниот играч, конечно, ја прифатил понудата од клубот иако таа не е според неговите финансиски побарување и желби.

Барса инсистираше неговата плата да биде смалена за 40% што сега е прифатено и повеќе не постојат пречки договорот да биде продолжен.