петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нивото на поголем дел од реките под јулскиот просек

Нивото на поголем дел од реките под јулскиот просек

Нивото на поголем дел од реките во земјава се под просекот за месец јули, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Така нивото на Вардар кај Јегуновце изнесува 32 сантиметри, а таму јулскиот просек е 40 сантиметри, а кај Демир Капија 88 сантиметри. На ова мерно место просекот за месец јули е 93 сантиметри.

Под јулскиот просек е и нивото на реката Пчиња, Крива Река, а на одредени мерни места и Струмица и Црна Река.

Над јулскиот просек, кој изнесува 125 сантиметри, има реката Црн Дрим кај мерно место Ложани, каде вчера нивото на водата изнесувало 158 сантиметри.

Нивото на Дојранското Езеро е во рамки на јулскиот просек, а Преспанското за три сантиметри над просекот за јули. За Охридското Езеро нема податоци за вчерашни мерења на нивоата на водата.

Најнови вести