понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Де Лихт го смени планот, сака трансфер во Баерн Минхен

Де Лихт го смени планот, сака трансфер во Баерн Минхен

Холандскиот дефанзивец Матијс де Лихт инсистира да го напушти Јувентус ова лето, негов следен клуб нема да биде Челси. Тој се заблгодари на понудата на лондонскиот клуб и сега има нов план. Би сакал да се пресели во Баерн Минхен.

Де Лихт во изминатите неколку дена имал разговори со тренерот на Баерн, Џулијан Нагелсман и со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ и бил одушевен од проектот на германскиот шампион кој сака да го направи лидер на одбраната во својот тим.

Јувентус бара 80 милиони евра за Де Лихт, а Баерн Минхен засега е подготвен да плати 60 милиони евра. Сепак, преговорите ќе се интензивираат во наредните денови.