Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, одговори на обвинувањата на СДСМ. Мицкоски вели дека се небулозни и невистинити тезите кои СДСМ ги кажува за него.
-Сите годишни даночни пријави кои сум ги пријавувал во минатото, сум ги пријавувал навремено и сум ги доставувал во УЈП. Да, сум дел од акционерскиот капитал на три мали хидроцентрали во Република Македонија чија основна вредност е околу 3 милиони евра. Мојата сопственост е околу три проценти или околу 200.000 евра. Тоа се средства кои сум ги заработил во минатиот период во мојот живот, пред да влезам активно да се занимавам во врвна политика, нагласи Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека се што има заработено во земјата и надвор од неа е дел од неговите годишни даночни пријави.
Нормално е дека секое дете има свој пример во животот, во мојот случај тоа беше мојот родител, мојот татко, ако ова претставува најголемата армилерија која СДСМ може да ја впрегне против мене и моите родители тогаш нека пукаат и ќе го издржам сето тоа. Јас сум горд на мојот родител и на тоа дека имав можност еден семестар да соработувам со него и секогаш кога ќе треба поддршка и помош за мојот родител, тука сум, како што сум тука и за сите мои соработници и пријатели, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.